16.8 C
Скопје
13. август 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во Украина Centar Свет Во тренд...

Воен аналитичар за вежбите на Кина околу Тајван: Така почнува војната

Кина организираше воени вежби во шест зони околу Тајван како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, пренесуваат медиумите во светот.

Според анализите, Кина го смета Тајван за дел од нејзината територија, а не за самоуправна држава, а посетите на странски претставници ги гледа како признавање на суверенитетот на островот, пишува „Sky News“.

Кина денеска лансираше 11 балистички ракети Донгфенг во водите во близина на северниот, јужниот и источниот брег на Тајван, соопшти тајванското Министерство за одбрана.

Лансирањето, според агенциите, следеше во неколку бранови, почнувајќи нешто пред 14 часот по локално време и траеше околу два часа. Министерството за надворешни работи на Тајван соопшти дека потегот на Кина ја загрозува националната безбедност на островот и ги ескалира тензиите во регионот.

Од таму ја повикаа меѓународната заедница да ја осуди воената закана на Кина и земјите да ги бранат слободата и демократијата.

На многумина им се чини дека овие вежби служат како проба за потенцијална блокада и инвазија на Тајван, што може да ги вовлече САД во конфликтот, заедно со американските сојузници како Јапонија и Австралија. Затоа, се поставува прашањето – зошто Кина презема такви чекори и што сака да постигне, стои во новинарските анализи.

Дмитриј Алперович, експерт за геополитика и национална безбедност, смета дека вежбите што ги спроведува Кина всушност го подготвуваат теренот за инвазија на Тајван.

„Прво беше објавена ефикасна блокада на Тајван за 4 дена и 6 зони на воени вежби. Сега се 5 дена и 7 зони. Ако Кина се извлече од ова, следниот пат вежбите ќе траат со недели. Потоа со месеци или додека не го добие сето она што го посакува или да оди во напад. Вака почнува…“ напиша Алперович на Твитер.