22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Воен аналитичар: Путин наскоро би можел да предложи прекин на огнот, гневот во Кремљ расте

Филипс О’Брајан, аналитичар и професор по стратешки студии на Универзитетот Св. Ендрјус во Шкотска, верува дека Путин наскоро, во следните неколку дена, би можел да предложи прекин на огнот бидејќи неговите сили претрпуваат големи загуби, пишуваат медиумите во светот.

„Тие едноставно немаат шанса брзо да напредуваат. Дури и ако Русите успеаја да ги пробијат одбранбените линии, не можеа да го искористат тоа за да добијат предност“, рече О’Брајан.

„Руските трупи не можат долго да учествуваат во војната“, рече тој. Тој додава дека борбената активност се намалува на бојното поле, додека гневот во Кремљ расте.

„Штом Путин ќе објави победа на Русија во Донбас, Москва ќе организира лажни референдуми за жителите на окупираните територии да ја изразат својата желба да се приклучат на Руската Федерација“, вели тој. Но, како што додава, во сегашните околности Киев тешко дека ќе се согласи на прекин на огнот.

„Се додека Киев чувствува дека ја добива потребната поддршка, се додека Украинците можат да продолжат да ги зајакнуваат своите вооружени сили, мала е веројатноста да прифатат прекин на огнот“, рече О’Брајан.

„И со право, бидејќи на тој начин би изгубиле 20% од територијата на својата земја“, заклучува тој.

Можеби ќе ве интересира

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T