Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Нови најави за времето – Метеоцентар со детална прогноза, познато е кога да очекуваме летни температури

До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Во следните денови ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.

Прогноза за 15.05.2024
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 14°C до 20°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 16.05.2024
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 17.05.2024
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 20°C до 27°C

Сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа засилен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК