17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Протести низ САД под слоганот „Подалеку од нашите тела“ – демонстрантите бараат заштита на правото на абортус

Демонстрантите се собраа ширум САД во вторникот и протестираа под слоганот „подалеку од нашите тела“, барајќи заштита на правото на абортус, откако во јавноста стигна нацрт-одлуката на Врховниот суд со која може да се укине правото на абортус.

Ако Врховниот суд ја поништи пресудата од 1973 година, тоа би значело дека абортусот нема да биде дозволен во околу половина од сојузните држави.

Неколку илјади луѓе се собраа на митингот за правото на абортус во Њујорк, а протести се одржаа и во Вашингтон, Атланта, Чикаго, Денвер, Лос Анџелес и Сиетл, објави Ројтерс.

Од Врховниот суд потврдија дека нацртот што го објави порталот „Политико“ е автентичен, но посочија и дека нацртот не претставува судска одлука или конечен став на кој било член за прашањата во тој случај

Можеби ќе ве интересира

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T

САД се огласија за државјанството на Едвард Сноуден

M T

Може да се појават здравствени проблеми: Загревањето храна во пластични садови е штетно

M T