5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

„Гаспром“: Ги прекинавме сите испораки на гас за Полска и Бугарија

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ тврди дека ги прекинал сите испораки на гас и за Бугарија и за Полска, откако двете земји одбија да почнат да плаќаат за испораките во рубли.

Претходно, и полските и бугарските добавувачи на гас соопштија дека добиле официјални известувања од „Гаспром“ дека испораките ќе бидат прекинати.

Соопштението на „Гаспром“ дојде по конфузијата утринава. Имено, податоците прво покажаа дека испораките на гас за Полска преку Белорусија паднале на нула, а потоа дека продолжиле.

Бугарската гасоводна мрежа, исто така, соопшти дека земјата добива руски гас од утринава.

Не е јасно колку руски гас пристигнува и колку време ќе потрае.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

„Гаспром“ со видео порака до Европа: „Зимата ќе биде долга и темна“

M T

Кремљ: Не испраќаме гас во Европа поради санкциите; Гаспром: Не испраќаме поради дефекти

M T

Гаспром: Европа денеска побара уште повеќе руски гас

M T