22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трагичен велигденски викенд: Три масовни престрелки во САД, убиени тинејџери

За време на велигденскиот викенд во САД пријавени биле три масовни престрелки. Двајца тинејџери се убиени, а осум лица се повредени во пукотница што се случила на прослава во Питсбург во неделата.

Медиумите јавуваат дека 18 лица се повредени во две масовни престрелки снимени во Јужна Каролина.

Пукањето во Питсбург е откриено на Велигден околу 12:30 часот. Полицијата во изнајмената куќа пронашла најмалку десет лица со прострелни рани. Некои жртви биле пренесени во болница, меѓу кои и две 17-годишни момчиња за кои подоцна лекарите констатирале смрт. Ранетите во болница пристигнале и со приватни возила.

Според полицијата, на престрелката и претходела тепачка, по што биле испукани најмалку 50 истрели. Полицијата соопшти дека некои луѓе се здобиле со сериозни повреди додека скокале од прозорците во очајнички обид да се спасат.

Властите веднаш не ги објавија апсењата, иако началникот на полицијата во Питсбург, Скот Шуберт вети дека неговите полицајци „ќе направат се што можат за да ги доведат одговорните“.

Инспекторите откриле дека насилството избувнало на забава на која присуствувале околу 200 гости, од кои повеќето биле помлади од 18 години. Официјалните лица веднаш не ги соопштија имињата на убиените момчиња.

Медиумите наведуваат дека во недела наутро во ноќен клуб во округот Хемптон, Јужна Каролина е снимена пукање во кое се повредени девет лица.

Неколку часа подоцна беше пријавено пукање во трговски центар во главниот град на Јужна Каролина, Колумбија, во кое беа повредени и девет лица.

Ранетите биле на возраст од 15 до 73 години, а полицијата ја уапсила Јевена Прајс (22), под обвинение дека нелегално држела пиштол.

Можеби ќе ве интересира

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T

САД се огласија за државјанството на Едвард Сноуден

M T

Може да се појават здравствени проблеми: Загревањето храна во пластични садови е штетно

M T