34.8 C
Скопје
13. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Заев: Мицкоски и Давкова што поскоро да сфатат дека сега сносат одговорност за државата и граѓаните

„Претседателот на Северна Македонија, пратениците, премиерот на Владата, министрите и сите носители на функции се должни и мора да бидат пример за почитување на Уставот, меѓународните договори и законите на државата што ја водат.

Непочитувањето носи одговорност но и сериозни последици за државата кои веднаш ќе ги почувствуваат граѓаните,“ истакнува во изјава за ТВ 24, поранешниот премиер и престедател на СДСМ, Зоран Заев.

Тој посочува дека одговорноста не е само политичка, туку и правна. А последиците се децениско непријателство со соседните земји, со Европската унија, со САД и ООН.
„Сето ова ќе има далекусежни последици за секојдневниот живот и севкупниот стандард на македонците и другите етнички заедници во Северна Македонија. Апелирам до нив да се тргнат од партиската наметка и што поскоро да сфатат дека сега сносат одговорност за државата и граѓаните,“ посочува Заев.
Тој посочува и дека Мицковски и претседателката Силјановска Давкова многупати повториле дека немаат намера да го поништат Договорот од Преспа, иако не се согласуваат со него.
„Затоа како носители на највисоките државни функции треба да го почитуваат Уставот, меѓународниот преспански договор и законите. Тие треба да гледаат напред кон иднината на Северна Македонија и македонскиот народ,“ потенцира Заев.