16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Заев: Непочитувањето на Уставот, законите и и меѓународните договори носат сериозни последици за државата и граѓаните

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев во изјава за ТВ 24, посочува на тоа дека, претседателот на Северна Македонија, пратениците, премиерот на Владата, министрите и сите носители на функции се должни и мора да бидат пример за почитување на Уставот, меѓународните договори и законите на државата што ја водат.

„Непочитувањето носи одговорност но и сериозни последици за државата кои веднаш ќе ги почувствуваат граѓаните. Одговорноста не е само политичка, туку и правна. А последиците се децениско непријателство со соседните земји, со Европската унија, со САД и ООН. Сето ова ќе има далекусежни последици за секојдневниот живот и севкупниот стандард на македонците и другите етнички заедници во Северна Македонија,“ посочува Заев.
Тој апелира на издвојување од партиската наметка и што поскоро да сфатат дека сега сносат одговорност за државата и граѓаните. Затоа што, како што вели тој, Владата ги почитува Уставот, меѓународните договори и закони како пример за целиот народ и тоа целосно ги почитува, или како влада презема чекори за нивно поништување или менување.
„Впрочем, Мицковски и претседателката Силјановска Давкова многупати повторија дека немаат намера да го поништат Договорот од Преспа, иако не се согласуваат со него.

Затоа како носители на највисоките државни функции треба да го почитуваат Уставот, меѓународниот преспански договор и законите. Тие треба да гледаат напред кон иднината на Северна Македонија и македонскиот народ,“ порачува Заев.