22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски незадоволен од санкциите против Русија

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја повика Европската унија да воведе ембарго на руската нафта.

– Пред се ни треба ембарго на нафта. И јасна подготвеност на Европа да се откаже од сета руска енергија. Европската унија мора да престане да ја спонзорира руската воена машина – рече Зеленски.

Претседателот на Украина додаде дека разговарал за западните санкции против Русија со група меѓународни и украински експерти кои „ги процениле воведените санкции и како Русија се обидува да ги заобиколи“.

Тој изјави дека групата подготвила конкретни предлози за тоа како да се елиминираат слабостите во санкциите и како веднаш да се зајакнат санкциите за Русија да ги почувствува нивните ефекти.

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

153 санкции за брзо возење

M T

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

158 санкции за брзо возење

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T