Centar.mk
СВЕТ

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер Роберт Калинак за словачката новинска агенција ТАСР.

Состојбата на Фицо се подобрува, а лекарската комисија утре треба да одлучи дали тој ќе биде префрлен. Фицо моментално се опоравува во универзитетската болница во Банска Бистрица.

Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина неколку пати пукаше со пиштол во него. Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување вчера му одреди притвор на Цинтула./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА СОБОРИЛА 1.441 ДРОН ЗА ЕДНА НОЌ – Привремени ограничувања на московските аеродроми

ДЕСК

ВАЖЕН СОСТАНОК ВО СЕДИШТЕТО НА НАТО – Сојузниците денеска разговараат за воената помош за Украина

ДЕСК

НОВ НАПАД ВРЗ КРИМСКИОТ МОСТ – Запрен сообраќајот, Русија потврдува оштетувања на конструкцијата

ДЕСК