8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Инцидент во Германија: Русин нападна украински свештеник на улица, полицијата трага по сведоци

Руски возач (69) нападнал Украинец (46) додека стоеле на семафор во градот Бауцен во Германија.

Според полицијата, лицата кои биле во близина на местото на нападот се обиделе да ги раздвојат.

Според германските медиуми, Русинот без причина го нападнал украинскиот свештеник со метален клуч за завртки.

Одделот за криминалистичка полиција започна истрага за обиди за нанесување опасни телесни повреди и закани. Полицијата повикала сведоци на настанот веднаш да контактираат со нив, со цел што поскоро да се заврши истрагата.

Жртва на нападот, според Билд, е украинскиот свештеник Сергеј К., кој организира различни акции за помош на украинските бегалци во Германија.

За да се солидаризира со својата татковина, на својот автомобил истакна мало украинско знаме.

Инаку, протести против руската агресија врз Украина во неколку наврати беа одржани во Германија. Примиле околу половина милион украински бегалци на кои планираат да им обезбедат услови за нормален живот.

Исто така, низ целата земја, разни здруженија и поединци собираат помош за украинскиот народ.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ИСПОЛНУВА СОНОТ НА СЕКОЈ ИСЕЛЕНИК ОД БАЛКАНОТ: Германија планира да го олесни процесот за добивање државјанство

CENTAR MKD

Мерц: Социјален туризам на Украинците во Германија

M T

Шолц: Германија е подготвена да преземе водечка воена улога во Европа

M T

Кенгур кој бил чуван како домашен миленик го нападнал и убил сопственикот

M T

Османи – Хофрајтер: Германија е клучен политички партнер на Македонија

M T

Предупредување за жителите во Германија, бил објавен список на залихи поради опасност од прекин на струја

M T