10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украина ја забранува работата на московската патријархија

Врховната рада на Украина регистрираше предлог-закон за забрана на Московската патријаршија во Украина.

Доколку нацрт-законот биде усвоен, целиот имот на Московската патријаршија и нејзиното раководство ќе биде национализиран во рок од 48 часа.

„ Верските заедници можат да ја сменат потчинетоста во рок од 14 дена, а потоа им останува црковниот имот. Киевско-печерската, Почаев и Свјатогорската лавра ќе станат сопственост на државата. За време на промената на подреденоста на црковните општини, Службата за безбедност на Украина ќе проучува дали тие соработувале со окупаторите. Одговорните ќе одговараат“, изјави пратеничката Ина Совсун.

Совсун спомна дека во текот на изминатиот месец, 28 црковни општини во различни региони на Украина се преселиле од Московската патријаршија во Православната црква на Украина.

Ги повикувам другите заедници и манастири да го следат примерот и да се обединат околу Киев, а не околу Москва“, напиша таа.

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

СО SPORT LIFE до стан во Скопје!

M T