17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Еден човек ранет, друг избоден – напад на срби во Мајами

Србинот Н.Р. бил застрелан, а уште еден прободен со нож во Мајами. Двајцата се во болница.

Нападот се случил околу 18 часот и 45 минути по локално време во престижен кварт во Мајами, кога засега неидентификувани напаѓачи на паркингот во трговски центар го нападнале Н.Р. и неговиот пријател, кои се враќале од пазарење. Мотивот бил грабеж.

– Носевме торби со купени работи кога неколкумина од нив не пресретнаа на паркингот, токму во моментот кога го отворивме багажникот. Бараа да им дадеме чанти и паричници, а кога не се согласивме, почна тепачка. Гледајќи дека работите нема лесно да дојдат, извадиле пиштоли и ножеви. Двапати ме удрија со пиштол одзади во главата, но возвратив, останувајќи на нозе. Потоа пукаа – изјави нападнатиот Н.Р.

-Едниот куршум ми помина низ левата нога, а другиот ја погоди коската на десната нога. Тогаш мислев дека ќе умрам затоа што изгубив многу крв, а не знаевме кога ќе дојде брзата помош. За среќа брзо интервенираа – додал соговорникот во моментите додека лекарите во болницата го подготвувале за операција на десната нога.

-Болките се многу големи, чекам операција, но ќе ја истуркам, ние сепак сме Срби. Мојот другар се чувствува добро, моментално му интервенираат. Се надевам дека и двајцата ќе излеземе без последици – вели тој.

Можеби ќе ве интересира

Сирени утрово во Киев – Нов напад на Запорожје

M T

Американка загина во напад на ајкула

M T

Песков: Нападот врз руската амбасада во Кабул е терористички чин

M T

34-годишен човек преживеал напад од алигатор во Флорида

M T

САД: Русија подготвува напад врз цивилната инфраструктура во Украина

M T

Салман Ружди во свесна состојба, разговарал со инспекторите за нападот

M T