9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Ризикот од пуч против Путин расте од недела во недела, тврди извор од тајната служба

Ризикот од државен удар на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) против претседателот Путин расте секоја недела додека војната во Украина продолжува, изјавил свиркач од самиот врв на руската разузнавачка служба.

Свиркачот тврди дека хаос и незадоволство ги зафатиле безбедносните служби по неуспешната руска инвазија на Украина.

Ова го соопшти Владимир Осечкин, протеран руски активист и основач на група за човекови права, кој тврди дека анонимен руски разузнавач сето тоа го пишува во дописи што ги добива и кои ги објавил.

Осечкин за „Тајмс“ изјави дека ризикот што го преземале разузнавачите за да проговорат е знак на нивниот растечки гнев кон Путин и незадоволството од санкциите што ги засегаат агентите на ФСБ кои повеќе нема да можат да одат на одмор во своите вили во Италија и да ги носат своите деца во Дизниленд, Париз.

Говорејќи од својот дом во Франција, каде што живее во егзил од 2015 година, Осечкин вели: „Путин создаваше стабилност во Русија веќе 20 години. Службениците на ФСБ, полицајците, државните обвинители – овие луѓе во системот – можеле да живеат многу добро.

Но, сега сето тоа го нема. Тие препознаваат дека оваа војна е катастрофа за економијата, за човештвото. Тие не сакаат да се вратат во Советскиот Сојуз.

Секоја недела во која продолжува оваа војна, се зголемува можноста за бунт од сите овие неистомисленици во безбедносните служби“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T