3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Македонските граѓани ќе можат да влезат во Италија со сертификат или негативен ковид-тест

Амбасадата на Италија информира дека почнувајќи од денес, 1. март, па сѐ до 31 март, кога се очекува да заврши вонредната состојба во Италија, нема да има повеќе ограничувања за влез во земјата.

Ќе може да се влезе и за туристички патувања, со приложување на Европскиот ковид сертификат, добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА. Во оваа насока, амбасадата потсетува дека Италија донираше во Северна Македонија 250.000 дози од вакцината Фајзер, што им овозможува на оние кои сè уште не го сториле тоа да го завршат циклусот, зголемувајќи ја заштитата на населението.

Алтернативно, ќе може да се влезе во Италија и со потврда/сертификат за оздравување или со прикажување негативен молекуларен или антигенски тест (од кој во секој случај се ослободени децата на возраст под 6 години). Конечно, Италијанската амбасада известува дека при влез во земјата задолжително треба да се приложи и дигиталниот формулар за лоцирање на патници (PLF – Passenger Location Form).

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

M T

Јахта долга 40 метри потона во близина на Италија

M T

Италија ќе прогласи вонредна состојба во регионите погодени од суша

M T

Работна посета на вицепремиерот Битиќи во Италија

M T

Голем пораст на бројот на заразени во Италија, речиси 100.000 нови случаи за еден ден

M T

По Италија и Шпанија повторно ќе ја отвори амбасадата во Киев

M T