6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Почина портпаролката на Ангела Меркел

Портпаролката на владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел, Мартина Фиц, почина по тешко боледување, соопшти германската влада.

Фиц на 29 октомври последен пат седна до Меркел, на последната прес-конференција на поранешната канцеларка.

Портпаролот на германската влада Стивен Хебестрајт изјави дека Фиц починалa по кратко, тешко боледување.

Според „Т-Онлајн“, Фиц ималa рак. Пред да се приклучи на информативната служба на германската влада, Фиц работелa за неколку германски медиуми, вклучувајќи ја и групата Аксел Спрингер.

Таа се приклучи на тимот на владини портпароли во април 2018 година како заменик на главниот портпарол на Меркел, Стефан Сајберт.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Меркел: Горбачов покажа како еден државник може да го промени светот

M T

Меркел до Путин: „Војната во Украина е голема грешка“

M T

Повици до Меркел да го вразуми Путин да ја прекине војната

M T

Меркел на состанок со Путин на годишнината од нападот врз Навални

M T

Меркел за ситуацијата во Авганистан: Потребно е да се евакуираат околу 10 илјади луѓе

M T

Меркел за ситуацијата во Авганистан: Минуваме низ тешки часови

M T