19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел за ситуацијата во Авганистан: Потребно е да се евакуираат околу 10 илјади луѓе

Германија можеби ќе треба да евакуира дури 10.000 луѓе од Авганистан, изјави денеска германската канцеларка, Ангела Меркел.

Меркел ова го кажала обраќајќи им се на колегите од нејзината Христијанско -демократска унија (ЦДУ), соопштија извори од партијата.

Меѓу оние што можеби ќе треба да бидат евакуирани се 2.500 припадници на авганистански помошен персонал, како и активисти за човекови права, адвокати и други за кои владата во Берлин смета дека се во опасност доколку останат во Авганистан откако талибанците го окупираа Кабул, пренесува „Ројтерс“.

Меркел рече дека Германија треба да соработува со земјите што граничат со Авганистан, со цел да ги поддржи оние кои во моментов бегаат од таа земја.

„Оваа тема ќе биде актуелна долго време“, рекла Меркел, а пренесуваат извори од партијата.

Како што беше претходно објавено, Меркел посочила дека во тек се тешки часови и дека фокусот треба да биде на спасување.

Oд германската авиокомпанија „Луфтханза“ веќе најавија дека ја разгледуваат можноста за евакуациски летови од Авганистан.

„’Луфтханза’ во моментов ја разгледува можноста за учество во евакуација на германски граѓани во договор со Министерството за надворешни работи и владата“, соопшти компанијата.

На седницата на претседателството на нејзината Христијанско -демократска унија (ЦДУ), Меркел посочила дека ситуацијата на аеродромот во Кабул покажува дека безбедноста е можна само со американски војници.

Канцеларката нагласила дека одлуката за повлекување од Авганистан ја донеле Американците.

Таа посочила дека одлуката е донесена од внатрешно -политички причини.

„Имаше домино ефект по повлекувањето на силите“, рече Меркел во првата изјава поврзана со ситуацијата во Авганистан.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Меркел: Горбачов покажа како еден државник може да го промени светот

M T

Меркел до Путин: „Војната во Украина е голема грешка“

M T

Евакуацијата од Азовстал продолжува

M T

Киев: За денеска е планирана евакуација на цивили од Азовстал

M T

Градоначалникот на Мариупол бара целосна евакуација на градот

M T

Обилен дожд во Австралија – Повторно наредена евакуација

M T