16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Во Словенија стивнува епидемијата

Во изминатите 24 часа во Словенија се потврдени 4.257 новозаразени со коронавирус, а починале 15 пациенти, соопшти Националниот институт за јавно здравје.

Бројот на новозаразени е за 3.250 случаи помал од пред една недела. Владата најави дека во вторник ќе разговара за можното прилагодување на мерките на новонастанатата состојба.

Во болниците во моментов има 774 пациенти со Ковид, од кои 135 се тешко болни на одделенијата за интензивна нега. Поголемо намалување на хоспитализациите се очекува во текот на следната недела.

Доколку продолжи сегашниот поволен тренд на епидемија и не се појават нови варијанти на коронавирус, прогнозите сугерираат дека бројот на новозаразени дневно би можел да падне на околу 2.000 во март.

Досега со најмалку една доза се вакцинирале 1.262.794 лица, а целосно се вакцинирани 1.215.850 или 57,7 отсто од вкупното население.