8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД ги дефинираат санкциите кон Русија – сериозни последици во случај на напад

Американскиот Конгрес е блиску до договор за нацрт-законот кој предвидува нови економски санкции за Русија, изјави во неделата влијателниот демократски сенатор Боб Менендез, заканувајќи се дека Москва ќе претрпи „сериозни последици“ доколку ја нападне Украина.

Одговарајќи на прашање на мрежата CNN за работата на демократите и републиканците за новите санкции против Москва, претседателот на сенатската комисија за надворешна политика рече: „Ние сме чекор поблиску до целта, се надевам дека ќе успееме“.

„Нема сомнеж дека постои неверојатна решеност во двете страни да и се помогне на Украина и Русија да претрпи сериозни последици во случај на напад врз Украина“, рече тој.

„Не можеме да имаме нов Минхен“, рече Боб Менендез, мислејќи на конференцијата и договорот потпишан во 1938 година меѓу нацистичкиот режим на Адолф Хитлер и Велика Британија и Франција, кои не го спречија избувнувањето на Втората светска војна.

Републиканскиот сенатор Џим Риш, во заедничка изјава, го потврди ставот на демократскиот пратеник, истакнувајќи дека „пратениците од двете партии овие денови работеле 24 часа на ден“ за да се постигне консензус.

И покрај тоа што се согласуваат за потребата од воведување санкции кон Русија, републиканците и демократите, од друга страна, се повеќе поделени околу прашањето кога тие ќе стапат на сила.

Првите се за превентивни санкции кои би биле воведени пред инвазијата, а вторите сакаат санкциите да бидат Дамоклов меч што ќе падне во случај на руска офанзива против Украина.

Според демократот Боб Менендез, некои санкции сепак би можеле да бидат наметнати првично „поради она што Русија веќе го направи“, мислејќи на хакерски напади во Украина и „кампања за поткопување на украинската влада на меѓународно ниво“.

Рускиот претседател Владимир Путин мора „да плати огромна цена“ ако одлучи да оди во војна, а не во дипломатија, предупреди Џим Риш.

Русија распореди десетици илјади војници долж границата со Украина во последните месеци, поттикнувајќи ги стравувањата од инвазија. Иако руската влада негира дека планира напад, таа се залага за писмени гаранции за руската безбедност, кои вклучуваат ветување дека Украина нема да се приклучи на НАТО.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

153 санкции за брзо возење

M T

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

158 санкции за брзо возење

M T