21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

СДСМ: Ковачевски упорен да обезбеди струја и енергенси за зимата

Во пресрет на една од најтешките зими во повоеаната историја на Европа, премиерот Димитар Ковачевски е упорен и ги користи сите потенцијали за да обезбеди доволно енергија за време на кризниот период. Вчерашната посета на Коваечвски на Република Грција резултираше со договори за непречено обезбедување на енергенси за непречено производство и употреба на електрична енергија, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека постигнат е договор снабдувањето со лигнит и јаглен којшто доаѓа од рудниците во Грција да се одвива непречено во текот на целиот период, четвртиот квартал оваа година и првиот квартал идната година, со што непречено ќе функционираат производствените капацитети на јаглен во РЕК „Битола“ и во РЕК „Осломеј“.

Договор е постигнат и за непречено снабдување со мазут преку Грција со цел непречено да може да функционира ТЕЦ „Неготино“.

Дури и во време кога се јавува недостаток на енергенси и електрична енергија во цела Европа доколку има какво било ограничување од извозот од Грција такво ограничување нема да биде воведено за Република Северна Македонија.

Од СДСМ велат дека веќе е отпочната процедура за маркет тест на интерконекторот на гас Евзони до Северна Македонија, односно до Неготино, којашто треба да ја покаже економската исплатливост на оваа инвестиција и ако се се одвива по планот, изградбата би требало да почне до крајот на годината.

Меѓу капиталните инвестиции се и големата гасна централа со капацитет до 200 МВ која што тие Грција изрази желба да ја гради во Северна Македонија, како и понудата на грчката компанија ПСС за проектот Чебрен.

Претходно, Владата предводена од СДСМ договори непречен увоз на електрична енергија од Република Бугарија од октомври оваа година па се до следната пролет, за што деталите ќе се договорат деновиве.

Сето ова е показател за одговорниот и ефикасен пристап на премиерот Ковачевски и Владата предводена од СДСМ со цел навремено обезбедување непречено снабдување на електрична енергија од нашите соседни и пријтелски земји, се вели во соопштението од СДСМ.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕСМ го зголеми производството, струја обезбеди за дел од домашното стопанство

M T

Премиерот Димитар Ковачевски предводи владина делегација во Обединети Арапски Емирати

M T

Ковачевски: Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание и АСНОМ, да бидеме и денес на вистинската страна, напредокот!

M T

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

Утре без струја делови на Аеродром, Студеничани и Карпош

M T

Ковачевски: Нека ни е честит и вековит Денот на народното востание, 11 Октомври

M T