17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Англија ја намали изолацијата на пет дена за позитивните на ковид

Во Англија минималниот период на самоизолација за луѓето кои се позитивни на Ковид-19 е намален на пет дена.

Таквата одлука е донесена по разгледувањето на медицинските докази во обид да се ублажи недостигот на кадар во британската економија.

Британскиот министер за здравство Саид Џавид рече дека намалувањето на изолацијата на пет дена ќе ги врати дополнителните слободи и ќе го намали притисокот врз основните јавни услуги во текот на зимата.

Периодот на изолација во Англија минатиот месец беше скратен од 10 на 7 дена, доколку добиете негативен тест на шестиот и седмиот ден.

Според правилата на изолација, денот кога започнуваат симптомите е нулта ден, а следниот ден е првиот ден од периодот на изолација.

Вчера во Велика Британија се пријавени 70.924 позитивни случаи на Ковид, што е најмал дневен број од 14 декември. Пријавени се уште 88 смртни случаи.

Во Британија, 16 и 17-годишниците сега можат да закажат дополнителна доза од вакцината, а ќе бидат повикани 40.000 тинејџери кои примиле втора доза од вакцината пред најмалку три месеци.

На крајот, повеќе од 600.000 луѓе, на возраст од 16 и 17 години, кои примиле две дози, ќе имаат право на дополнителна доза.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Комисија за заразни болести: Зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 за 65.8% во однос од минатата недела

M T

На Миконос 36,98 отсто од тестираните се ковид позитивни

M T

ИЈЗ: Намалување на бројот на позитивни случаи за 29,2%

M T

Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

M T

Поведена постапка за мајка која не го почитувала решението за изолација на малолетната ќерка

M T

Скандал во Англија: 43.000 луѓе наводно добиле неточни резултати од ковид-тестови

M T