8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Европа беснее епидемија која нема врска со Ковид и не ѝ се гледа крајот

Во Европа беснее епидемија која нема никаква врска со коронавирусот, а експертите велат дека „не се гледа крајот“.

Ова е најлошата епидемија на птичји грип досега, покажуваат податоците на истражувачкиот институт на германската влада.

„Во моментов се соочуваме со најсилната епидемија на птичји грип досега во Германија и Европа“, соопшти Институтот „Фридрих Лофлер„ (ФЛИ), федерален истражувачки институт во Германија за здравје на животните.

Секојдневно се откриваат нови случаи и не се засегнати само дивите птици, вели институтот и додава: „Не се гледа крај. Засегнатите земји се протегаат од Финска до Фарските Острови и Ирска, од Русија до Португалија“.

Случаи се пронајдени и во Канада, Индија и Источна Азија.

Само во Германија, 394 случаи се откриени кај диви птици, вклучувајќи патки, гуски, лебеди и галеби, а 46 случаи се пријавени на германски фарми.

Она што е уште позагрижувачко е што случаите се откриени кај цицачите, на пример кај црвените лисици во Холандија и Финска, сивите фоки во Шведска, пристанишните фоки во Германија и видрите во Финска.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега

M T

Шолц: Германија е подготвена да преземе водечка воена улога во Европа

M T

Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

M T

„Голдман Сакс“: Цените на гасот во Европа оваа зима веројатно ќе се преполоват

M T

Австриски експерт: Леденото доба и хаосот во Европа ќе траат до 2030-та година

M T

Салвини: Некој во Европа погрешно пресметал, санкциите ни наштетија на нас а не на Русија

M T