5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Трета доза вакцина наскоро услов за патување?

Холандија и Чешка одлучија да ја следат препораката на Европската комисија за скратување на важноста на сертификатот за ковид на девет месеци, а одлуката треба да стапи на сила на почетокот на следната година.

Холандскиот министер за здравство, Хуго де Џонс, изјави дека во иднина ќе смета дека целосно вакцинирана личност е онаа што примила бустер доза од вакцината против коронавирус.

Според тоа, тоа значи дека Холандија ќе ја скрати важноста на сертификатите за вакцинација од 12 на девет месеци, а сите оние кои не го исполнуваат овој услов ќе мора да се придржуваат до дополнителни правила за влез.

Според податоците на оваа страница, луѓето кои не примиле бустер доза ќе можат да патуваат низ Европската унија доколку покажат докази за негативен тест за ковид.

Оваа одлука се очекува да стапи на сила во февруари 2022 година.

Препораката на Европската комисија е земјите-членки да не прифаќаат сертификати за вакцинација кои не се издадени во рок од девет месеци. Сепак, земјите-членки на ЕУ треба да се договорат за ова прашање и да донесат заедничка одлука.

Слично како и во Холандија, чешките власти оваа недела објавија дека ќе ја намалат важноста на сертификатот за ковид на девет месеци. Според тоа, почнувајќи од јануари 2022 година, само оние кои ја примиле третата доза од вакцината ќе се сметаат за целосно вакцинирани патници кога ќе стигнат во Чешка.

Некои други земји почнаа да наметнуваат сертификат за важност, кој може да се продолжи со добивање дополнителна доза.

Така, во Австрија рокот на важност на вакцината е намален на 270 дена на 6 декември.

Во Израел, сертификатот истекува 180 дена по втората доза, а посетителите мора да се погрижат нивната вакцинација да не истече за време на нивниот престој во земјата. Што во моментов не е премногу важно, бидејќи Израел во моментов е затворен за сите странски туристи.

Потсетуваме дека на 25 ноември Европската комисија предложи рокот на важност на вакцината да се одреди на девет месеци, кој доколку помине, ќе важи за сите земји членки од 10 јануари 2022 година.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска нови ограничени важења на сертификатите за патување во ЕУ

M T

Од утре нови правила за патување во ЕУ, ова се најважните промени

M T

Нови правила од Февруари – ЕУ објави препораки за патување

M T

ЕУ подготвува нови правила за патување

M T

Франција ќе нуди трета доза три месеци по втората

M T

Аеродромите и авиокомпаниите бараат да се укинат ограничувањата за патување

M T