5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се преврте камион со мигранти-над 50 загинати,a меѓу жртвите има и деца

Најмалку 53 лица загинаа, а десетици се повредени во камионска несреќа во јужниот дел на Мексико, соопштија властите.

Повеќе од 100 луѓе за кои се вели дека се мигранти од Централна Америка, се наоѓале во камион кој се превртел синоќа во југозападната мексиканска држава Чиапас.

На снимката од местото на несреќата се гледаат жртвите на патот до превртениот камион.

Ова е една од најтешките несреќи од овој тип во Мексико, со најмалку 58 повредени, од кои некои потешко, изјави шефот на Агенцијата за цивилна заштита во Чиапас, Луис Мануел Гарсија.

Тој рече дека меѓу жртвите има мажи, жени и деца. Нивната националност не е потврдена, но локалните власти соопштија дека повеќето од луѓето во камионот биле мигранти од Хондурас и Гватемала.

Според извештаите, камионот возел брзо кога се превртел во остра кривина и удрил во пешачки мост на главниот пат што води кон главниот град на државата Чиапас Тукстла Гутиерез.

Државата Чиапас, која граничи со Гватемала, е главната транзитна точка за мигрантите без документи.

Можеби ќе ве интересира

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија

M T

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

M T

Приведени криумчари на мигранти

M T

Бројот на загинати во земјотресот во Кина се искачил на над 80 лица

M T

Најмалку 16 загинати во Иран при судир на камион и минибус

M T

Пронајдени телата на 7 мигранти кои се удавија при обид со брод да стигнат до Шпанија

M T