Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУС+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Црн ковид ден во Македонија – За 24 часа згаснаа 13 животи

И денеска сведочиме на црна ковид статистика. Само во изминатите 24 часа, згаснаа уште 13 животи како последица од коронавирусот. Најмладиот имал само 50 години.

Од починатите, четири пациенти биле од Велес (84г, 83г, 72г, и 69г), три од Скопје (68г, 63г и 50г), два од Куманово (67г и 64г). По едно починато лице било регистрирано во Прилеп (50г), Битола (68г), Штип (69г) и Крива Паланка (82). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 1.450.215 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 212.375, бројот на оздравени пациенти е 196.636, на починати е 7.449, а на активни случаи изнесува 8.290.

Спонзорирано: