8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес ја погоди источна Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар бил под морето, денеска потресе дел од источна Индонезија, но засега нема информации за сериозни штети или жртви.

Геолошкиот институт на САД соопшти дека крајбрежно село на островот Серам во провинцијата Северен Малуку, на речиси 65 километри од Амахаи, било погодено од земјотрес со јачина од 5,7 степени. Се додава дека епицентарот на земјотресот бил на 10-ина километри под морето.

Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика соопшти дека земјотресот, најверојатно, нема да предизвика цунами.

Со речиси милион луѓе, провинцијата Северен Малуку е една од најмалку населените провинции во Индонезија.

Индонезија често е погодена од земјотреси, вулкански ерупции и цунами поради нејзината локација на Огнениот Прстен.

Последниот голем земјотрес, со јачина од 6,2 степени, беше во јануари кога во провинцијата Западен Сулавеси загинаа најмалку 105 луѓе, а речиси 6.500 луѓе беа повредени.

Можеби ќе ве интересира

СПАСЕТЕ СИ ГО ЖИВОТОТ И ИМОТОТ – Вака куќата нема да се урне ниту во ЕПИЦЕНТАРОТ на ЗЕМЈОТРЕСОТ

M T

Силен земјотрес го погоди Чиле

M T

Ненси Пелоси: Скапата енергија е „мала цена“ во споредба со украинските жртви

M T

Силен земјотрес меѓу Закинтос и Кефалонија

M T

Бројот на загинати во земјотресот во Кина се искачил на над 80 лица

M T

Бројот на загинати во земјотресот во Кина се зголеми на 74 – Илјадници евакуирани, се трага по преживеани

M T