22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Корона статистика: Нови 8 починати денеска плус 7 од минатиот период, 444 нови случаи на коронавирус – еве детали

Нови 444 случаи на коронавирус се регистрирани во Македонија од вкупно 3210 направени тестови.

Според информациите најголем број од заразените се од Скопје, вкупно 187 лица, додека Куманово е втор на листата со 37 заразени, трет е Штип со 20, потоа следуваат Тетово,Прилеп, Битола, Кавадарци со под 20 новозаразени.

Од коронавирус починале 15 лица. Од кои 8 во изминатото деноноќие, а 7 се наоѓаат во денешниот извештај кои не биле впишани од минатите недели.

И тоа по 3 лица од Скопје и Струмица, по 2 лица од Тетово Кочани, по еден починат има и во Прилеп, Кавадарци, Штип и Радовиш.

Оздравеле 225 луѓе.

Повеќе детали попладнево.

Спонзорирано: