12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Драматично предизборие во Бугарија: Откако се откри дека министер во бугарската влада имал двојно државјанство, Уставниот суд го поништи неговото назначување

Бугарскиот претседател Румен Радев го прекршил Уставот на земјата кога на 10 мај годинава го назначи Кирил Петков за министер за економија во преодната влада.

Ова денеска го одлучи Уставниот суд на Бугарија. Одлуката е донесена речиси едногласно, бидејќи само еден судија ја прифати одлуката со спротивно мислење.

Уставниот суд на Бугарија го прогласи за неуставен Указот бр. 129 од 10 мај 2021 година во делот со кој Кирил Петков Петков беше назначен за министер за економија. Летото се дозна дека Петков има двојно бугарско и канадско државјанство, што според законите на Бугарија не му дозволува да извршува висока државна функција. Петков тогаш изјави дека на 21 април поднел барање до канадските власти за да се откаже од ова државјанство.

Бугарскиот Уставен суд беше прозван од 55 пратеници на ГЕРБ, партијата на Бојко Борисов, со барање да утврди дали е противуставен Указот на претседателот Радев во делот поврзан со назначувањето на Петков за технички министер за економија.

Петков во меѓувреме, заедно со неговиот колега од преодната влада, Асен Василев, ја регистрираа коалицијата „Продолжуваме со промената“, со која ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори, закажани за 14 ноември.

Социолозите во анкетите во Бугарија на оваа коалиција и предвидуваат дека на изборите ќе го осови второто место.