11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУС+ТЕМАИЗБОР

Филипче: Помладите повеќе се заразуваат со делта-сојот поради повеќето контакти, а се и невакцинирани

За процесот на лекување, министерот за здравство вели дека е комплексен, бидејќи оваа болест дава тешка клиничка слика со оштетувања на белите дробови
Причина за големата смртност од ковид во овој бран е делта-сојот, кој предизвикува оштетувања во белите дробови, а тоа што има и млади е затоа што тие имаат и повеќе контакти и повеќе се заразуваат од овој полесно пренослив сој, вели министерот за здравство Венко Филипче.

„Во однос на помладите починати, еден пациент, за жал, на свое барање, заминал од болничко лекување. Тоа се невакцинирани лица. Поголемиот процент од починатите се повозрасни со хронични болести. Ние и претходно видовме помлади починати лица и тоа е навистина една страшна клиничка слика со страшни оштетувања на белите дробови, кои најверојатно потекнуваат од тромбози на ниво на најмалите крвни садови на белите дробови, што е во клиничката слика на оваа болест“, додаде Филипче.

Во однос на лекувањето на ковид, Филипче вели дека тоа е комплексен процес, а матичните лекари имаат имаат искуство во тој дел.

„Не се однесува на тоа дали се дава антибиотик или не. Проценка на возраста, ризиците, хроничните болести, претходна терапија, состојба на коагулација на крвта и така натаму“,

истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој потенцираше дека матичните лекари работат согласно своето знаење и експертиза, согласно проценката на пациентите дали треба да се упатат на болничко лекување или не. Болничко лекување, како што рече, на секого му е достапно во кој било временски период.