Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Водител опкружен од вооружени лица во студио во живо вели – не плашете се од талибанците

Талибанците ја презедоа контролата врз земјата и прогласија победа кога американските војници го напуштија Авганистан. Светските медиуми известуваат за суровоста на талибанскиот режим, односно заканата за човековите права во Авганистан.

Така, на пример, на жените им е забрането да се појавуваат на телевизија, како и да се појавуваат во јавност без придружба и во бурка, дури има информации дека им е забрането да посетуваат училиште.

Револуционерната асоцијација на жените во Авганистан (РАВА) објави список на правила, според кои Авганистанките беа принудени да живеат под талибанците. Во овој извештај тие го наведуваат следново:

„Талибанците се однесуваат кон жените полошо отколку со животните. Иако е нелегално да се чуваат птици во кафези, Авганистанките се заробени во ѕидовите на своите домови. Жeните немаат никакво значење во очите на талибанците, освен ако немаат деца, задоволувајќи ги машките сексуални потреби или исцрпување на домашните работи.

Исто така, слободата на медиумите е драстично намалена, а како поддршка на таа изјава е видео на социјалните мрежи, на кое се гледа ТВ-водител, кој води политичко шоу, додека тој е опкружен со неколку вооружени талибанци во студиото.

За време на емисијата, наводно водителот зборувал за режимот на претседателот Ашраф Гани, кој ја напуштил земјата, и им рекол на луѓето да не се плашат од талибанците.

Можеби ќе ве интересира

Талибанците повторно воведуваат егзекуции и отсекување на рацете

M T

Талибанците се подготвени за дипломатски односи но не со сите

M T

Германскиот министер за надворешни работи -новата талибанска влада не дава причина за оптимизам

M T