8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

СЗО стравува дека до декември во Европа ќе умрат уште 236 илјади луѓе од коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) денеска изрази стравување дека до 1 декември во Европа од коронавирус ќе умрат уште 236 илјади луѓе поради стагнацијата на вакцинацијата.

„Минатата недела бројот на смртни случаи во регионот (Европа) е зголемен за 11 отсто, а веројатна проекција предвидува дополнителни 236 илјади смртни случаи до 1 декември“, изјави директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге.

Досега во Европа од коронавирус умреа 1,3 милиони луѓе.

Според Клуге, темпото на вакцинација е забавено и во изминатите шест недели опадна за 14 отсто поради недостиг од вакцини во некои и земји и поради граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат.

Куге рече дека во Европа се дадени скоро 850 милиони дози вакцина.

Според податоците на новинската агенција Франс прес, во ЕУ се вакцинирани 262,3 милиони луѓе, или 58,7 отсто од населението.

Спонзорирано: