Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Добра вест: Од утре исплата на августовската пензија

Августовските пензии ќе бидат на располагање преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 31 август, информираат од ПИОМ. За лицата кои не користат картички, пензиите ќе бидат исплатени етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19.

Исплатата на шалтерите во банките ќе се врши во четири групи.

За пензии со висина до 11 000 денари, исплатата ќе се врши на утре (31.08.2021), за пензии во висина од 11 001-14000 ден, исплатата ќе биде на 1.09.2021г. (среда). Пензиите во висина од 14 001-18 000 ден ќе бидат исплатени на 2.09.2021г. (четврток) и пензиите во висина над 18 001 ден ќе се исплатат во петок на (3.09.2021), информираат од ПИОМ.

Можеби ќе ве интересира

Во март 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесуваше 72 818 денари

ДЕСК

Во март 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 48 433 денари

ДЕСК

Дали 26.000 денари минимална плата се доволни за живот?

ДЕСК