5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Серија експлозии во воена база во Казахстан најмалку петмина загинати и 90 повредени

Најмалку пет лица загинаа, а 90 се повредени во серија експлозии во воена база во јужен Казахстан, јавуваат светските агенции.

До експлозиите дошло откако избувнал пожар во база во провинцијата Замбил, каде што биле складирани експлозиви, изјави министерот за одбрана Нурлан Јермекбаев.

Пет војници загинаа додека се обидуваа да го локализираат огнот, што дополнително предизвика десетици експлозии.

Складираниот експлозив беше префрлен во таа воена база во 2019 година од градот Арис, по слична експлозија во која исто така загинаа четири лица.

Властите евакуираа стотици луѓе кои живееја во таа област и го затворија главниот пат што ја поврзува провинцијата Замбил и најголемиот град Алмати.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Експлозии во фабрика за оружје во Бугарија, тројца загинати

M T

Најмалку три лица загинаа во експлозии во руски Белгород

M T

Зеленски: Зад експлозиите во прорускиот регион Молдавија стојат руски специјални служби

M T

Експлозии во Молдавија – Нападнатa зградата на државната безбедност

M T

Експлозии во Лавов

M T

Експлозии во Киев – Сирени за опасност се слушаат низ целата земја

M T