7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Експлозии во Киев – Сирени за опасност се слушаат низ целата земја

Во Киев рано утринава се слушнале силни експлозии, а ширум земјата се огласиле и сирени за воздушна опасност.

Засега нема информации за штети по експлозиите пријавени во Киев, Херсон во јужна Украина, источниот град Харков и Ивано-Франковск на западот од земјата, а украинските медиуми објавија дека има прекини на струја во делови од Киев, пренесува Ројтерс.

Сирените предупредувајќи за воздушни напади се огласија во сите региони на Украина веднаш по полноќ, а продолжија да се огласуваат во источните региони Луганск и Запорожје, дури и откако тие замолкнаа во другите делови, објавија украинските медиуми.

Експлозиите кои се слушнаа во регионот на главниот град на Украина, како што се наведува, се најсилни откако руските војници се повлекоа од тоа подрачје на почетокот на месецов во подготовките за битките на југ и на исток.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Граѓаните на Киев се нескршливи – по руските напади се собраа во метро станиците и пееја

M T

Сирени утрово во Киев – Нов напад на Запорожје

M T

Експлозии во фабрика за оружје во Бугарија, тројца загинати

M T

Киев најавува казни до 15 години затвор за земање руски пасош

M T

Претседателката на Европската комисија пристигна во Киев

M T