8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украден украински воен авион на аеродромот во Кабул, никој не знае кој е во него

Украински авион кој пристигна во Авганистан за да ги евакуира Украинците е киднапиран од неидентификувани лица кои го пренасочиле кон Иран.

Веста ја потврди заменик -министерот за надворешни работи на Украина, Евхен Јенин.

„ Минатата недела, нашиот авион беше киднапиран од други луѓе. Во вторникот, нашиот авион беше практично украден за да лета за Иран со неидентификувана група патници на летот, наместо да превезува Украинци. Нашите следни три обиди за евакуација исто така беа неуспешни, бидејќи нашите луѓе не можеа да влезат на аеродромот“, рекол Јенин.

Според него, киднаперите биле вооружени.

Заменик -министерот, сепак, не кажа ништо за тоа што се случило со авионот или дали Киев ќе се обиде да го врати или како украинските граѓани ќе бидат вратени од Кабул, во овој практично украден авион или на некој друг што ќе го испрати Киев.

Во неделата воен транспортен авион со 83 лица, меѓу кои 31 Украинец, пристигна од Авганистан во Киев. Кабинетот на претседателот објави дека 12 украински војници се вратиле дома, а странските новинари и јавни личности кои побарале помош се евакуирани.

Кабинетот, исто така, соопшти дека има уште околу 100 Украинци кои чекаат евакуација од

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Три автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација, изречени соодветни санкции

M T

Патници со часови останале заробени во тунел под Ла Манш, откако се расипал возот

M T

Борбени авиони пресретнаа авион полн со патници

M T

Откриено возило што вршело меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација

M T

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

CENTAR MKD