Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Три автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација, изречени соодветни санкции

На 27 и 28.08.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај три автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници.

При контрола на автобус со кумановски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(52) од Куманово, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Тетово и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(67) од Скопје било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.

Можеби ќе ве интересира

БЕБЕ ЗАВРШИЛО НА ДЕТСКА ХИРУРГИЈА ПО ИНЦИДЕНТ НА ГИНЕКОЛОГИЈА – ГАК отвора дисциплинска постапка

ДЕСК

ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ СО РОСИЦА КОЦЕВА – Обвинети полициски службеници од Велес за злоупотреба на службената положба

ДЕСК

Кузманоска: Со Предлог-Буџетот предвидени се 40,8 милијарди денари за капитални расходи за инфраструктурни инвестиции како Коридорите 8 и 10д и автопатското поврзување на Прилеп – Битола

ДЕСК