17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Ватикан почнува судењето за финансиски малверзации

Во Ватикан почнува судењето на десет лица обвинети за финансиски проневери, вклучително и еден кардинал.

Официјалните лица се надеваат дека овој процес ќе биде пресвртна точка и дека ќе покаже дека никој не е над законот.

Првообвинет е кардиналот Анџело Бекиу (73), поранешен висок функционер на администрацијата на Ватикан, кој е и највисок функционер на Ватикан на кој му се суди за финансиско проневера, пренесува „Ројтерс“.

Папата Франциско, кој го укина имунитетот на Бекиу за да може да биде изведен пред лицето на правдата, го отпушти кардиналот минатата година за наводен непотизам.

Вториот обвинет за проневера при купување зграда во една од најмодерните области на Лондон е швајцарскиот адвокат Рене Бруелхарт, поранешен шеф на единицата за финансиско разузнавање на Ватикан, кој исто така ги негира сите обвинувања во обвинението.

Им се суди и на двајца Италијанци, брокерите Џанлуиџи Торцио и Рафаел Минчионе, кои, исто така, ги негираат обвинувањата.

Можеби ќе ве интересира

Наскоро прво судење на руски војник за силување во Украина

M T

Убиецот на Џорџ Флојд се жали на неправедно судење

M T

Командантот на ОВК, Салих Мустафа, негира вина – Обвинителството го нарече Гестапо

M T

Судењето за „Меѓународен сојуз“ се откажува, еден од обвинетите е во изолација

M T

Папата Франциско се чувствува добро по операцијата на дебелото црево, соопшти Ватикан

M T

Судењето против Камчев за „Плацеви на Водно“ почнува на 16 јули

M T