15.8 C
Скопје
17. септември 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија ТОП ВЕСТИ

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е партија заглавена во режимско криминалната матрица

Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски е човек кој нема капацитет да понуди нови политики, ниту пак некаков нов концепт. Тој е опкружен со лица од режимот кои биле и ќе останат на спротивната страна од правдата и одговорноста.

Еден од нив е и Игор Јанушев, сегашен пратеник, а до неодамна прв соработник на Мицкоски како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Против Јанушев е покренато обвинение за злоупотреба на службената положба при набавка на кинески автобуси.

Постои сомневање дека Јанушев го оштетил Буџетот за безмалку пет милиони евра, пари на граѓаните.

Со ова обвинение се зголемува бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои се товарат за различни криминални дела и кои се наоѓаат пред судовите.

За делото злоупотреба на службената положба, на обвинителна клупа е и Антонио Милошоски, лицето за кое има и пресуди од германски судови.

Одамна е јасно дека освен криминал, деструкција, лажни вести и опструкции, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат ништо друго да понудат.

Мицкоски цврсто стои на браникот на криминалот на режимот, но бегање од правдата нема, секој којшто се огрешил пред законите мора да сноси одговорност.

Тие можат да се пребојат во сите можни бои, но тоа нема да го избрише фактот дека во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски нема никаква промена.

Граѓаните го гледаат тоа и затоа не даваат доверба на политиките на Мицкоски, затоа криминалната ВМРО-ДПМНЕ ја чека нов пораз на претстојните избори наесен.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја поткопа независната истрага за пожарот, срамен е нивниот обид за политизација на трагедијата

M T

СДСМ: Длабоко сочувство до семејствата на починатите во пожарот во Тетово, нашите мисли се со тетовчани

M T

СДСМ: СДСМ се грижи за здравствените работници, ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува ,,убијци”

M T