17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Расте бројот на загинати во авионската несреќа на Филипините

Бројот на жртвите во вчерашната несреќа на авионот „локид Ц-130 херкулес“ на филипинските воздухопловни сили се искачи на 50, соопштија властите.

Транспортниот воен авион превезувал 96 војници и членови на екипажот на југот на Филипините, во провинцијата Сулу, каде што трае конфликтот со исламските екстремисти со години, но за време на маневарот за слетување пилотите ја промашиле пистата, авионот потоа се срушил во шума со кокосови палми и експлодирал.

Претставник на филипинската армија, полковник Едгар Аревало, претходно потврди дека воениот транспортен авион не бил нападнат и посочи дека во фокусот на надлежните се спасувачките операции и истрагите, објави претходно „Ројтерс“.

Во изјавата на филипинската армија се цитираат изјави на очевидци, кои тврдат дека непосредно пред падот на авионот видел како војници скокаат од авионот за да се спасат од можни експлозии.

Снимките објавени на „Твитер“ од „Еј-би-си њуз“ покажуваат чад и пламен како излегува од остатоците на авионот, дониран од САД на филипинската војска.

Пред својот последен судбоносен лет генералот Ромео Браунер Јуниор пристигна со својата сопруга и трите деца со истиот авион од Манула до Кагајан де Оро за да ја преземе функцијата воен командант.

Според филипинската војска, авионот што се урна вчера бил во многу добра состојба и ги следел сите оперативни протоколи за време на летот, па истрагата ќе треба да даде конечен одговор на прашањето што точно ја предизвикало несреќата.

Можеби ќе ве интересира

Ненси Пелоси: Скапата енергија е „мала цена“ во споредба со украинските жртви

M T

Страшно предвидување: Во случај на НУКЛЕАРНА ВОЈНА, две третини од човечката популација ќе бидат избришани од лицето на Земјата

M T

Над 500 жртви во Шпанија поради топлотниот бран

M T

Стејт департмент: 25 милиони луѓе се жртви на трговија со луѓе во светот

M T

Авион со 133 луѓе се урна во Кина, бројот на жртви се уште не е познат

M T

Расте бројот на жртвите во поплавите во Австралија – Бурата се движи кон центарот на Сиднеј

M T