9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУСИЗБОР

Од коронавирус најмногу умираат невакцинираните лица

Во Соединетите Американски Држави 99,2 проценти од починатите како последица на коронавирусот се невакцинирани лица, изјави главниот американски експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи. Фаучи изјави дека тоа е тажно и трагично и додаде дека фрустрира помислата да се има таков страшен непријател како што е коронавирусот кога постојат ефективни начини за заштита на луѓето.

Причините за недоверба на граѓаните на САД, рече Фаучи, се засноваат главно на идеологијата и ненаучните факти.

Тој изјави дека Америка има алатки за сузбивање на заразата и ги повика луѓето да ги остават разликите настрана и да разберат дека коронавирусот е заеднички непријател.

„САД се многу среќни што имаат доволно вакцини за да се имунизираат сите граѓани. И има луѓе во светот што би дале сѐ за да добијат вакцини“, додаде Фаучи.

Соединетите Американски Држави се земја со најголем број смртни случаи од Ковид-19 во светот, а повеќе од 605.000 луѓе починале од почетокот на епидемијата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T