5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Расте бројот на жртвите во поплавите во Австралија – Бурата се движи кон центарот на Сиднеј

Бројот на загинати во поплавите во источна Австралија денеска се искачи на десет, а воените хеликоптери продолжуваат да спасуваат луѓе од покривите на куќите во поплавените населени места.

Десеттата жртва на невидените поплави е жена на возраст од околу 80 години, која е пронајдена мртва на поплавен имот, соопшти локалната полиција.

Водата од поплави предизвикана од обилните дождови кои почнаа да паѓаат кон крајот на минатата недела поплави неколку градови и мостови во Квинсленд и Нов Јужен Велс.

Во овој момент обилните дождови се движат кон Сиднеј, кој сега е во опасност од ненадејни поплави.

„Овој прилично силен временски систем наскоро ќе стигне до централниот брег на Сиднеј, а ние веќе ги чувствуваме елементите на тоа“, рече австралискиот премиер Скот Морисон за време на прес-конференција.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перот, го опиша екстремното време како нешто што се случува еднаш во илјада години, наведувајќи дека екипите на брзата помош извршиле повеќе од 1.000 спасувачки операции во таа земја откако добиле 6.000 повици за помош.

Стотици луѓе се уште се заглавени во своите домови во градот Лизмор во северниот дел на Нов Јужен Велс, соочени со најголемите поплави во историјата, а има извештаи дека некои од нив ја поминале ноќта на покривите.

Мајорот Стив Криг рече дека девет лица се уште се водат како исчезнати, а 400 спасувања допрва треба да се спроведат.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Австралија ја смени одлуката – Ерусалим не е главен град на Израел

M T

Ненси Пелоси: Скапата енергија е „мала цена“ во споредба со украинските жртви

M T

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

M T

Австралиските власти со предупредување до граѓаните – Да се подготват за нови поплави

M T

Поплавите во Пакистан однесоа 1.138 животи

M T

Историска заплена на метамфетамин во Австралија, во вредност од 1,1 милијарда долари

M T