Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

КОН ПРЕДУПРЕДУВА: Ако не се интензивира имунизацијата, можно е повторно полнење на болниците

Доколку имунизацијата во Србија не се интензивира, сценариото кое не очекува можеби и пред есента нема да му се допадне на никого. Можеме, предупредуваат експертите, уште еднаш да имаме полни болници и илјадници новозаболени на дневна основа, пренесуваат српските медиуми.

Епидемиологот и член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот, Предраг Кон, вели дека сепак е потребно да се почитуваат мерките.

– Делта сојот во моментов е доминантен во светот – посочи Кон и додаде дека проблемот не е новиот сој, туку недоволниот број на вакцинирани.

– Бевме многу задоволни од нивото на вакцинација кога го имавме кинескиот сој, па дури и британскиот, но со овој делта, кој е позаразен, досегашната вакцинација не е доволна – рече Кон.

Тој потенцираше дека е важно да се вакцинираат млади луѓе, постари од 12 години, во следните два месеци, со цел да бидат далеку помирни кога станува збор за делтата сојот на коронавирусот.

– Во оваа ситуација, секако очекуваме уште еден бран – заклучи Кон.

Делта варијантата на ковид-19 е регистриран кај двајца државјани на Србија кои се вратија од планинарење во Русија на 26 јуни. Тоа се помлади луѓе кои не биле вакцинирани.

Спонзорирано: