17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ким Џонг-ун потврди дека земјата се соочува со сериозен недостиг од храна

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун призна дека земјата се соочува со напната состојба со храна, објавија денес тамошните државни медиуми.

Северна Кореја, која се наоѓа во тешка економска состојба поради меѓународните санкции наметнати поради нејзината воена програма, веќе подолго време се соочува со сериозен недостиг од храна.

Економијата беше погодена и од пандемијата на коронавирусот, како и од временските услови, тајфуните и од поплавите.

На состанокот на Централниот комитет на владејачката Работничка партија, Ким рече дека економската состојба се подобрила со зголемувањето на индустриското производство за два процента во споредба со претходната година, пренесуваат тамошните агенции.

Сепак, севернокорејскиот лидер призна дека земјата се соочува со низа тешкотии поради многу предизвици што треба да се надминат.

„Ситуацијата со храната сега е напната бидејќи земјоделскиот сектор не може да ја исполни својата цел да произведува житни култури поради штетите предизвикани од тајфуните минатата година“, рече Ким.

Во текот на летото 2020 година неколку илјади домови и обработливо земјиште беа уништени во тајфуните проследени со поплави.

Ким повика на мерки за намалување на последиците од овие природни катастрофи велејќи дека обезбедувањето добра жетва е врвен приоритет.

Можеби ќе ве интересира

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на украинските територии

M T

Северна Кореја лансираше проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

M T

Северна Кореја усвои закон за превентивни нуклеарни напади

M T

Папата сака да ја посети Северна Кореја, ги повика властите да го поканат

M T

Северна Кореја лансираше две крстосувачки ракети

M T