13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја лансираше проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

Северна Кореја истрела балистичка ракета која утринава прелета над Јапонија за прв пат по пет години, што предизвика предупредување до населението на северот на таа земја да се засолни и привремено да го прекине железничкиот сообраќај.

Ракетата поминала над јапонска територија и паднала во Тихиот Океан.

Воениот штаб на Јужна Кореја соопшти дека се чини дека станува збор за ракета со среден дострел лансирана од севернокорејската провинција Јаганг. Пјонгјанг веќе ја искористи областа за лансирање на своите ракети, вклучително и неколку за кои тврдеше дека се „хиперсонични“.

Последното во серијата лансирања е првпат од 2017 година да се истрела проектил во таа насока, а Јапонија соопшти дека тоа е веројатно најдолгата далечина што ја достигнала севернокорејската ракета од 4.600 километри. Ова лансирање на балистички ракети е петто во последните десет дена.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида остро ја осуди постапката на Северна Кореја, опишувајќи го лансирањето како „насилно однесување“, а јапонската влада свика состанок на Советот за национална безбедност.

„Серијата акции на Северна Кореја, вклучително и повторените лансирања на балистички ракети, ги загрозуваат мирот и безбедноста на Јапонија, регионот и меѓународната заедница и претставуваат сериозен предизвик за целата меѓународна заедница, вклучително и Јапонија“, изјави владиниот портпарол Хирозаку Мацуно.

Лансирањето, пишува Би-Би-Си, е намерна ескалација на ситуацијата, со намера да се предизвика вниманието на Јапонија и САД, кои во последно време најмногу ја игнорираат Северна Кореја и нејзиниот лидер Ким Џонг-ун.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на украинските територии

M T

Северна Кореја усвои закон за превентивни нуклеарни напади

M T

Папата сака да ја посети Северна Кореја, ги повика властите да го поканат

M T

Северна Кореја лансираше две крстосувачки ракети

M T

Северна Кореја им се закани на САД со нуклеарно оружје: Подготвени сме

M T