19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Србија: Вакцинираните студенти ќе добијат бесплатна употреба на теретана и сауна

Автобус прилагоден на мобилен пункт, опремен за вакцинација против коронавирус, беше поставен во вторникот во комплексот Студентски град во Белград. Студентите, како и сите заинтересирани граѓани, ќе можат да се вакцинираат на мобилниот пункт во периодот од 10 до 17 часот.

„Сите студенти кои се вакцинирани, како и оние кои веќе примиле вакцина, ќе добијат еден месец бесплатно користење на салата и сауната, како и паркирање во рамките на Студентскиот центар, што можат да го искористат до крајот на оваа година“, се вели во соопштението на Студентскиот центар „ Белград “.