15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Вакцините стигаат, имунизацијата започна, ќе го заштитиме здравјето на граѓаните

„Производството на вакцини е такво какво што е, овој пат постапката беше многу побрза за создавање вакцини и малите држави како нас ја почувствуваа нерамноправноста во однос на вакцините. Ковакс има 142 држави, ние плативме 1,2 мииони евра за да го изградиме тој систем, значи сме дале пари за тој систем ама доцнеше испораката на вакцините. Дефинитивно ако САД боцкала над 100 илјади граѓани дневно можеле да кажат еве 2000 -3 000 вакцини за Северна Македонија. Ако Германија давала по 50-60 илајди во ден можеле и тие 2 000 до 3 000 да издвојат за нас. Но, така е кога одлучуваат политичарите кои се под притисок на јавноста. И ние не можеме да влегуваме во кавги затоа што ниту нешто ќе смениме, ниту ќе имаме повеќе вакцини на тој начин.“- изјави премиерот, Зоран Заев, во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој направи збир на сите вакцини кои ги очекуваме во државата, а тоа се вкупно 2,6 мииони што би биле доволни за вакцинација на 1,3 милиони граѓани што е солидна бројка.

„Фајзер го потврди договорот, очекуваме првите 10 000 вакцини да стгинат деновиве, до 15 април.. Инаку, имаме нарачано 800 илјади од Фајзер. Исто така, 800 илјади од Ковакс системот, потоа имаме по 200 илјади од кинеската и руската вакцина, 100 илјади имаме преку системот на ЕУ, и потоа уште 500 илјади кинеска вакцина од другиот производител. Вкупно имаме 2,6 милиони вакцини и очекувам дека сега нема да има прекин во имунизацијата, односно дека процесот е започнат и ќе трае се додека не се вакцинираат поголем дел од граѓаните.“- дополни Заев.