11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Владиното рекламирање останува забрането, ни треба кампања од јавен интерес за вакцините

Прво со личните примери да покажеме дека го чуваме јавното здравје, согласно протоколите први ќе се вакцинираат здравствените работници, па сите други, јас би бил еден од првите за да можам да охрабрам сите да ја примат вакцината, а Владата е подготвена да разработи јавна кампања за која што веќе отвораме дискусија со медиумите, новинарите и медиумските работници. Јавната кампања мора да допре до сите, одговорноста за примање на вакцината е одговорност за јавното здравје и јас разбирам дека слободата си прави свое, има антивакцина кампањи, невладини организации и здруженија кои се против, но не ни требаат такви работи, се работи за глобално, светско ниво на одлучување со сите светски експерти, овде не смееме ни под било каков прашалник да го доведеме јавното здравје. Ако не ја примаме вакцината тогаш имаме проблем затоа што тоа ќе трае, ќе продолжи процесот на заразување додека сите земји ќе се излечат со примањето на вакцините, ние ќе ги загрозиме нашите повозрасни родители, дедовци, баби со кои живееме.“- повика премиерот Зоран Заев да се вакцинираат сите граѓани, преку емисијата Само вистина на телевизија Канал 5.

Дополни дека ќе биде неопходна кампања низ медиумите за да се подигне свеста кај граѓаните за значењето на вакцината.

„Слободата ја разбирам и таа е многу добра и треба да ја уживаме и живееме, но исто така е подеднакво одговорност.Не можете на човек нешто задолжително да му наметнете ако тој одбива. Но, апсолутно преку јавната кампања и дигањето на јавната свест ќе ја дигнеме одговорноста и јас сум убеден дека сите граѓани односно сите оние на кои што ќе треба да примат вакцина јас уште не знам што со луѓето што беа позитивни, тие ќе примаат, нема да примаат. Нам ни се неопходни измени во законот, но тврдам дека владиното рекламирање ќе остане забрането, но мораме да најдеме начин како да ги регулираме јавните кампањи во медиумите посветени на јавниот интерес. Значи измените би биле кон тоа, да имаме како да пласираме кампањи од јавен интерес, но не и владино рекламирање.“- изјави Заев.

Спонзорирано: