7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Гестот на Грција, Бугарија и Полска со вакцините не е милостина, туку е пријателски подадена рака

„Јас сум тој што прв зборуваше за горчината, за катастрофалната одлука на Бугарија со ЕУ, за катастрофалната грешка што ја направија со ваквото одлучување и слично, но, кога некој ви подава рака и пријателство тоа е поинаку, пријателите пружаат рака. Ние сме пријатели во регионот, горичната постои и навистина актот на донирање е акт на донирање. Овде не се работи дали може да си купиме или не, ние имаме пари во буџетот, сме предвиделе средства, имаме и резервни средства предвидени во буџетот и на крајот ја имаме буџетската резерва затоа што за нас нема ништо поважно од прашањето со здравјето на граѓаните. Ова е нудено како донација, како што понуди една Грција, други европски земји, ЕУ и затоа ја прифативме. Во спротивен случај би биле непријател односно не би се однесувале пријателски кон Бугарија.“- истакна премиерот Зоран Заев, во Само интервју на Канал 5 телевизија.

Заев додаде дека ние ќе продолжиме да се однесуваме пријателски за да покажеме дека остануваме на определбата за членство во ЕУ.

„Ако имаме намера да продолжиме низ пријателство да ги решаваме отворените прашања и преку тоа да го отвораме нашиот пат кон ЕУ дефинитивно треба и пријателски да се однесуваме. Во спротивно, ќе бевме несоодветно поставени. Јас ги разбирам критиките на граѓаните кои што викаат дека тоа е недостоинствено, што ние немаме ли пари? Имаме пари, ова не беше за пари, ова беше понудена донација. Ние рековме дека сакаме да си платиме секаде каде што сме се обратиле, секаде ќе си платиме. Донација понудија и Грција и Полска и ние ќе ги прифатиме и тие донации.“- рече премиерот Заев.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

(Фотогалерија) Заев: Милиони срца на секој натпревар биеја во ист ритам за македонската фудбалска репрезентација!

CENTAR MKD

Премиерот Заев прими претставници на новоформираната Регионална боксерска лига: Спортот е најдобра афирмација на земјата, развојот на македонскиот бокс во нагорна линија

M T

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

M T

Заев од Брисел: Португалскиот предлог нуди решение, Бугарија и ЕУ да ги исполнат очекувањта на граѓаните

CENTAR MKD

Заев од Брисел: Ќе одам и во Софија, ги користам сите дипломатски канали

CENTAR MKD

Заев: СДСМ е фаворит на локалните избори

CENTAR MKD