27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАИЗБОР

Колку маските ги штитат луѓет кои ги носат – нова студија на Данска предизвика полемика

Посебна полемика во јавноста покрена теоријата на данските истражувачи кои навеле дека хируршките маски не се заштита од коронавирусот после спроведено големо испитување.

Меѓутоа, оваа студија дојде во конфликт со низа останати, сметаат експертите, па така најверојатно нема да ги промени препораките за јавно здравство во САД или другите држави кои наредиле дека е задолжително да се носат заштитни маски за да се спречи ширењето на заразата.

Сепак, заклучокот на истражувачите на оваа студија се разликува во ставот дека маските исто така ги штитат оние кои ги носат и тоа било тврдење кои минатите седмици го одобри Центарот за контрола и превенција од болести.

Критичарите многу брзо укажале на ограничување на студиите затоа што пред се заштитата зависи од видот на маски, а од друга страна таа е спроведена во Данска во време кога бројот на заразени не бил голем, но ни носењето маски не било задолжително.

Од почетокот на април до почетокот на јуни, истражувачите од Универзитетот во Копенхаген спровеле истражувачи на над 6.024 учесници кои претходно биле тестирани за да бидат сигурни дека не се заразени со коронавирус.

Откриено е дека маската Н95 е подобра од хируршките маски.

„Хируршката маска е подобра од повеќе платнени маски. Платнената маска не е добра“, порачал д-р Томас Фрајден, извршен директор на компанијата „Resolve to Save Lives” и поранешен директор на CDC.

CDC неодамна цитираше десетина студии кои откриле дека и платнените маски можат да помогнат и заштитуваат, пишува Њујорк Тајмс.