7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ очекува од Србија и Косово да не ги преместат своите амбасади во Ерусалим

Европската унија очекува од Србија и Косово да не ги преместат своите амбасади во Израел од Тел Авив во Ерусалим, изјави потпретседателот на Европската комисија и шеф на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

Тој изјави дека очекува дека и Србија и Косово „ќе дејствуваат во согласност со заложбата на ЕУ“, но и во согласност со нивните европски аспирации, пренесува Н1.

„Долгогодишниот став на ЕУ е дека со преговори мора да се најде начин да се реши статусот на Ерусалим како идна престолнина на двете земји и дека аспирациите на двете страни мора да бидат исполнети“, рече тој

„Во согласност со резолуцијата 478 од Советот за безбедност на Обединетите нации од 1980 година, со која се повикуваат сите членки на ООН да ги преместат своите амбасади во Тел Авив, сите амбасади на земјите-членки на ЕУ, како и Делегацијата на ЕУ во Израел, се наоѓаат во Тел Авив“, објасни тој.